Бизнисмен од Крајстчрч е осуден на 21 месец затвор, зашто го споделувал во живо видеото од масакрот во џамиите на 15 март, кога беа убиени 51 лица.
Филип Невил Арпс во Окружниот суд на Крајстчрч на Нов Зеланд се изјасни за виновен по две точки од обвинението за споделување на видеозапис на 15. март преку Фејсбук.
Тој е еден од шестмината обвинети за дистрибуција на видеото од масакрот. Судијата рече дека Арпс не покажал никакво жалење кон жртвите и дека неговите сфаќања за музлиманите може да се споредат со оние на Хитлер.
Арпс го споделувал видеото со своите 30 вработени.
Вашиот чин го глорифицира и охрабрува масовното убиство извршено под изговор за расна и верска омраза.” , рече судијата Стивен О’Дрискол.
Адвокатот на Арпс рече дека тој не треба да оди во затвор и поднесе жалба во Врховниот суд.
Судењето на напаѓачот на двете џамии, Брентон Тарант, треба да почне во мај 2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.