Јапонија, но и светот се во шок. На денот на отворањето на Параолимписките игри, односно синоќа, непознат напаѓач ги полевал минувачите со сулфурна киселина во токиското метро.
Како што информираат јапонските медиуми, неидентификуваниот сторител истурил сулфурна киселина врз двајца минувачи и им ги запалил лицата и нозете, а потоа побегнал. Повредените се згрижени во болница, додека напаѓачот се уште се трага.
Овој напад се случува неколку недели по првиот, кој беше за време на Олимписките игри кога напаѓач рани неколку лица во метрото со нож. Сторителот рекол дека ги прободел жените со нож бидејќи тие „изгледале среќно“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.