Германскиот производител на вакцини „Бионтек“, кој е партнер во изработката на вакцината на „Фајзер“, сака да произведува вакцини против маларија и туберкулоза во Африка.

Компанијата соопшти дека го испитува воспоставувањето одржливи производствени капацитети во Руанда и Сенегал.

Нашата цел е да развиеме вакцини во Африка и да воспоставиме одржливи производствени капацитети за вакцини со цел заедничко подобрување на медицинската нега. Нема гаранција дека овие проекти ќе бидат успешни. Но, ние мора да бидеме подготвени за успех – изјави извршниот директор Угур Сахин.

Тој зборуваше за плановите по средбата со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, со претседателот на Сенегал, Меки Сал и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на маргините на економската конференција Договор на Г20 со Африка.

Според иницијативата, земјите од Африканската Унија во моментов увезуваат 99 проценти од нивните вакцини. До 2040 година, оваа бројка треба да биде само 40 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.