Момчето кое ранило 10, а убило шест лица на Пермскиот универзитет во Сибир е идентификуван како Тимур Бекмансуров.

Руските медиуми пренесуваат дека станува збор за 18-годишно момче, кое нападот го најавило на социјалните мрежи. Тимур на своите пријатели им пратил порака во која наведува дека долго се подготвувал за овој настан. Експертите соопштиле дека станува збор за момче кое имало психички проблеми и патело од длабока депресија.

Откако знам за себе, секогаш многу размислувам за смртта. Не знам колку луѓе можам да убијам, но ќе се потрудам што повеќе да понесам со себе – рекол Тимур, кој во пукањето во универзитетот ранил барем 10 луѓе, додека бројот на настрадани се уште е непознат.

Снимките кои ги преплавиле социјалните мрежи го прикажале напаѓачот кој со пушка се доближува до кампусот на универзитетот, а потоа отвора оган. Студентите во паника скокале низ прозорците, а некои останале заклучени во сушалните на зградата.

Универзитетот издал соопштение во кое се наведува дека нападот е во тек и ги предупредил сите да бидат внимателни.

Некои медиуми пренеле информација дека напаѓачот е неутрализиран, додека други тврди дека е уапсен во голема акција на полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.