Oсновачот на Мајкросфот, Бил Гејтс повеќе не е втор најбогат човек во светот.
Најбогатиот човек во светот е извршниот директор на компанијата Амазон, Џеф Безос.
Тој успеа да го надмине Бил Гејтс и да го симне од тронот, со богатство кое е проценето на 125 милијарди долари пред некое време. Меѓутоа, покрај познатиот основач на Microsoft се повлече уште едно лице и го спушти за една скала пониско – во прашање е францускиот милијардер Бернар Арно.
Извршниот директор на LVMH, има проценета вредност од околу 108 милијарди долари, откако во текот на изминатата година додаде 39 милијарди долари на своето богатство. Тој сега се наоѓа на втората позиција на листата на најбогатите, а таа позиција беше окупирана од Гејтс долго време. Бил Гејтс сега е трет, со богатство од околу 107 милијарди долари. Сепак, како што сугерира извештајот, Гејтс најверојатно би бил на првото место на листата, да не се неговите дарежливи донации за хуманитарни организации
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.