Германија донесе одлука дека од недела, 28 март, секој што ќе сака да патува во земјата ќе треба да приложи негативен ПЦР тест на корона вирус.

Пред летот, од патниците кои заминуваат за Германија ќе се бара да му покажат негативен ПЦР тест на превозникот. Одлуката стапува во сила в недела на полноќ и ќе трае до 12 мај.

На лицата кои нема да ја приложат потребната потврда на авиопревозникот, нема да им биде дозволено да влезат во авионот – се наведува во соопштението на германското Министерство за здравство.

Првичната идеја била ваквото барање да стапи во сила од утре, но тоа е одложено за да можат патниците и авиокомпаниите да се прилагодат на новото правило.

Досега, приложувањето на негативен тест беше задолжително за патниците кои пристигнуваат од земји и региони прогласени од германските власти за зони со висок ризик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.