Обвинителството во Алжир почна истрага за смртта на маж кој беше линчуван од маса луѓе откако беше обвинет за подметнување шумски пожар.
Во шумските пожари во Алжир, кои не стивнуваат со денови, загинаа 69 лица.
Истрагата е почната врз основа на видео снимка која го прикажува убиството на 38-годишниот Џамел Бен Исмаил во Ларба Нат Иратен во провинцијата Тизи Узу, каде што шумските пожари предизвикаа најголема штета и загинаа најмногу од жртвите.
Луѓето прво ја нападнале полициската станица каде што беше приведен Бен Исмаили, го извлекле надвор, го претепале и го запалиле телото.
Полициски службеници кои го заштитуваа и се обидуваа да и помогнат на жртвата исто така беа повредени – се вели во соопштението на локалниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.