Aбул Гани Барадар го нарекуваат за победник од војната во Авганистан. Тој пред три години од страна на Американците беше извлечен од затвор во Пакистан и се приклучи на Талибанците.
Тој важи за неофицијален лидер на Талибанците и мината година од Катар пристигна во Кабул бидејќи како што рече мораат да и служат на нацијата. Сега тој заменик премиер на Авганистан по повекувањето на Американците и разбегувањето на дсегашната авганистанска влада.

Тој има интересна биографија. Има 53 годни и беше на страната на Муџахедините во војната против Русите.Кога на почетокот на деведесеттите години трупите на Советскиот сојуз се повлекоа од Авганистан тој го основа талибанското движење како верско кое е насочено на верско прочистување на земјата и создaвање емират.
Талибанците ја одложија церемонијата на инаугурација на привремената влада во Авганистан, објави денеска еден од членовите на Одборот за култура, Инамулах Самангани.
Според него, церемонијата била откажана пред неколку дена.
Како што напиша на Твитер, раководството на Исламскиот емират на Авганистан, како што талибанците ја нарекоа земјата, објави дел од членовите на кабинетот кои веќе започнале со работа, пренесува агенцијата ТАСС.

Самангани ги демантираше информациите дека инаугурацијата била закажана за 11 септември, нарекувајќи ги гласини.
Талибанците претходно го објавија составот на новата влада со премиер Мулах Мохамед Хасан Акунд, а негов заменик е Мулах Абдул Кани Барадар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.