Веста за смртта на сопругата на Слободан Милошевиќ, Мирјана Мира Марковиќ, ја пренесоа и странските медиуми. Информацијата дека Марковиќ почина во Москва за британски „Би-би-си“ ја потврди Милутин Мркоњиќ, како што велат, долгогодишен близок пријател на семејството Милошевиќ.
Позната како „Леди Магбет на Балканот”, Марковиќ беше значајна политичка фигура за време на распадот на Југославија во 1990-тите. Таа беше еден од најсигурните и највлијателни советници на нејзиниот сопруг пред да биде уапсен во 2001 година.
Милошевиќ почина во 2006 година, додека му се судеше во Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг. Тој е обвинет за геноцид и други воени злосторства поради клучната улога во војните во 1990-тите, потсетува „Би-би-си“.
Мира и Слоба се запознале како тинејџери во средно училиште во 1958 година и веднаш се зближиле. Тие беа во брак четири децении и беа речиси неразделни до екстрадицијата на Милошевиќ.
Во 2003 година, Марковиќ избега од Србија, каде што е обвинета за злоупотреба на функцијата и е осомничена за шверц на цигари и политичко убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.