Објавена е фотографијата на еден од тројцата Британци кои загинаа при пад на авионот во Техеран во кој загинаа 176 луѓе.
Мохамед Реза Кадкода-Задех од Брајтон се враќал во Британија откако го посетил семејството во Иран, кога авионот на украинската авиокомпанија се срушил после полетувањето во Техеран.
Бизнисменот Кадкода Задех(40) отпатувал во својот роден Иран, како би го видел семејството за време на божиќниот период и требало денеска да се врати во Британија преку Украина. Тој бил татко на едно дете и водел дуќан за хемиско чистење во Брајтон.
Во куќата на неговите родители во Хејвардс Хит, неговиот татко Мухамед(67) се гушел во солзи откако ја дознал страшната вест.
Немам зборови, жал ми е…Не можам да зборувам – рекол тој.
Еден семеен пријател рекол: Беше единствен син на своите родители. Тоа е така страшно!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.