Берни Сандерс, сенаторот од Вермонт, ја напушта трката за претседателски кандидат на Демократската партија на САД за изборите што се закажани за 3 ноември, соопштија од неговиот изборен штаб. Одлуката на Сандер значи дека Џо Бајден, поранешниот потпретседател на Барак Обама, ќе биде противкандидатот на Доналд Трамп на изборите во ноември.
Сенаторот од Вермонт, кој и во 2016-та се бореше за номинацијата на Демократската партија, долго време водеше на анкетите и освои неколку од сојузните држави на партиското гласање.
Но Бајден почна да реди победи откако пред супер вторникот од трката се повлекоа Пит Бутиџич и Ејми Клобушар, повикувајќи ги своите подржувачи да застанат зад кандидатурата на Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.