Американскиот политичар и демократски кандидат за претседателските избори во 2016 и 2020 година, Берни Сандеср, пред две недели гостуваше кај Џими Фалон во емисијата „Тунајт шоу“ на телевизијата Ен-би си каде зборуваше за американските претседателски избори.

Сандерс две недели однапред предвиде речиси сѐ што деновиве всушност се случува на изборите.

Џими Фалон го праша што мисли за тоа кога ќе се добијат резултатите од изборите.

Џими, постави важно прашање и се надевам дека Американците го рабораат бидејќи тоа е нешто што ме загрижува. Мојот став е дека секој глас мора да се вброи. Нема сега да навлегувам во тоа зошто тоа го мислам, но ќе се случи ситуација во која држави како Пенсилванија, Мичиген и Висконсин ќе промат огромен број гласачки ливчиња доставени по пошта.

 

Но, за разлика од државите како Флорида или Вермонт, тие нема да можат, од лоши причини, да ги пребројат сите тие гласови до денот на изборите или до затворањето на гласачките места. Тоа значи дека ќе има држави кои ќе мора да пребројат милиони гласачки ливчиња доставени по пошта – кажа Сандерс во воведот.

Сандерс продолжи да објаснува што очекува.

Еве што ме загрижува мене. Како што покажуваат анкетите, па дури и некои истражувања, поради различни причини, демократите ќе гласаат преку пошта, додека републиканците ќе бидат оние кои ќе го дадат својот глас на денот на изборите. Веројатно првите преброени гласови ќе бидат на оние луѓе кои ќе гласаат на денот на изборите.

 

А се плашам од ова, се надевам дека сите ќе ме слушнат. Можно е да се случи ова сценарио. Нормално дека не знам што ќе се случи, но можно е. Можно е во десет часот вечерта Трамп да води во Мичиген, во Пенсилванија, во Висконсин… И тогаш ќе дојде на телевизија и ќе каже: „Ви благодарам Американци, што повторно ме избравте. Сѐ е готово. Ви посакувам пријатен ден“.

 

Но потоа, следниот ден и во деновите кои следат, сите оние гласови пратени по пошта ќе дојдат на ред да се пребројат и ќе се утврди дека Бајден сепак добил во една од тие држави. Во тој момент доаѓа Трамп и вели: „Гледате, ви кажав дека сето ова е една голема измама. Ви кажав дека дописното гласање не чини. Нема да ја напуштиме функцијата – анализираше Сандерс.

Нешто слично се случи во реалноста.

Кога затворија гласачките места, Трамп навистина имаше предност на Флорида, во Тексас и Охајо, клучните држави. Сѐ уште се чекаа резултатите за Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген и Висконсин, кои се сметаат за клучни за исходот на изборите, а таму ситуацијата исто така беше во корист на Трамп или многу изедначена.

Тоа беше причина американскиот претседател да излезе пред камерите и да прогласи победа. кажувајќи дека „овие избори се измама и срам за Америка“ и најави пријава пред Врховниот суд.

Сепак, кога продолжи броењето гласови по изборната ноќ, Трамп се огласи на твитер за тоа дека  „магично му исчезнуваат гласовите“ во моментите кога тој ги добива изборите, алудирајќи на тоа дека со пребројувањето и по изборната ноќ некој му ги краде гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.