Берлин е првата сојузна покраина во Германија која го прогласи Меѓународниот ден на жената, 8 март за неработен ден.
Оваа одлука е голем сигнал за напредок во процесот во постигнување на рамноправноста меѓу мажот и жената – изјави Дери Цаглер, портпаролка за рамноправност на клубот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) во Сенатот на градот и сојузината покраина Берлин.
Одлуката ја поддржале и коалициските партнери на СПД, Левица и Зелените.
Опозициските партија ја криткуваа одлуката и се залагаат за прогласување на Денот на реформацијата да биде прогласен за празник, односно за неработен ден.
Индустриската и трговската комора тврди дека поради новиот неработен ден кој се воведува уште оваа година, стопанството ќе изгуби 0,3 отсто од приходите, односно 160 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.