Белорускиот опозициски лидер, Виктор Бабарико, кој планираше да учествува на претседателските избори во август 2020 година како противкандидат на Александар Лукашенко, но беше уапсен неколку недели претходно, е осуден на 14 години затвор поради корупција.

Виктор Бабарико е осуден на 14 години затвор, а казната ќе ја издржува во затвор со зголемена безбедност – објавија приврзаниците на опозицијата на Твитер.

Бабарико е осуден за примање поткуп и перење пари, објави белоруската невладина организација Вјасна, повикувајќи се на пресудата на Врховниот суд.

Бидејќи пресудата беше изречена од Врховниот суд, на Бабарико не му е дозволено да поднесе жалба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.