Министерот за здравство на Белгија, Франк Ванденбрук, порача дека сака до крајот на оваа година да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници.

Според министерот, неопходно е медицинскиот персонал кој е во постојан контакт со болни лица да биде имунизиран.

Ако сте примени в болница или таму е вашата мајка или татко, сакате да бидете безбедни, а безбедноста значи дека здравствените работници се вакцинирани. За болница или пензионерски домови станува збор за барање квалитетна услуга – истакна Ванденбрук.

Тој изјави дека не може да се воведе задолжителна вакцинација за целото население иако тој би сакал сите да бидат вакцинирани и да не се сомневаат во имунизацијата, но дека е потребно за тоа да се убедат луѓето.

Министерот посочи дека се работи на закон за задолжителна вакцина против Ковид-19 на здравствените работници пред 2022 година и дека постои широк консензус за таква мерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.