Белгиската Влада ги советуваше граѓаните денеска да не ја напуштаат државата, особено ако се уште не ги резервирале летните одмори. Повикот е поради влошената епидемична состојба во Белгија и стравувањата од втор бран на појава на Ковид-19.
Според здравствените власти, за само една недела бројот на заразени лица е зголемен за 61 процент. Се прецизира дека досега ова не води до зголемен број на хоспитализирани и смртни случаи.
Владата денеска донесе одлука да ја упати полицијата да следи строго придржување кон мерките против епидемија. До денеска, заразени се 63.706 лица, а 9.800 починати во Белгија од почетокот на епидемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.