Во белгиските провинции Валонски Брабант и Луксембург по полноќ на 14-ти октомври на сила ќе стапи полициски час со цел сузбивање на се поголемата зараза од коронавирусот.

Од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро на граѓаните ќе им биде забрането да бидат на отворено, освен во случај на работа, итна медицинска помош или виша сила, наведуваат локалните власти.

Двете провинции се наоѓаат во француско-говорниот регион Валонија кој, покрај Брисел, најмногу е погоден од новиот бран на инфекција на Ковид-19.

Националниот кризен центар предупредува дека крајот на оваа недела Белгија би можела да дојде до нови пик на заразата од 10.000 нов случаи на дневно ниво.

Истовремено, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се искачил на 20 дневно.

Од почетокот на пандемијата во Белгија од коронавирусот починале 10.211 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.