Белгија планира правото на пристап до интернет го внесе во Уставот и да го изедначи со пристап до работа, достојно домување и социјално осигурување.

Предлогот е доставен до Парламентот и се заснова на напредок во пристапот до дигиталните услуги. Подготвувачите на предлогот забележуваат дека од место за забава и информации, интернетот се развил во средство за комуникација со државната и локалната администрација.

Се нагласува дека се повеќе услуги од државата се нудат на интернет и тие промени се забрзуваат со пандемијата.

Забележано е дека во Белгија, седум од секои 100 граѓани на возраст од 16 до 74 години никогаш не користеле интернет, а 41 процент не користеле административни услуги преку интернет.

Според уставните измени, се предвидува секое домаќинство да има пристап до интернет по прифатлива цена. Медиумите додаваат дека Европскиот парламент и ОН, исто така, повикаа пристапот до интернет да биде прогласен за основно право.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.