Здравствените власти во Белгија се усогласија за тоа кои лица треба да бидат приоритетни за вакцинација, покрај најзагрозените категории како што се луѓето над 65-годишна возраст и медицинскиот персонал.

Конкретно, од лицата на возраст помеѓу 18 и 64 години приоритетни за вакцинација ќе бидат лицата со хронични бубрежни заболувања, тие сo хронична болест на црниот дроб, лицата со Даунов синдром, болните од СИДА, како и лицата кои се на список на чекање за трансплантација на орган.

За лицата помеѓу 45 и 64-годишна возраст се додаваат тие кои имаат хронична респираторна болест, дијабетичарите, лицата со деменција и оние со патолошки висок притисок.

Овие луѓе можат да очекуваат да бидат на список на вакцинација веднаш откако ќе ззаврши вакцинацијата на луѓето над 65-годишна возраст. Според белгиското министерство за здравство, тоа би требало да се случува во текот на март и април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.