Белгиец, еден од деветмината кои пред два дена се евакуирани од кинескиот град Вухан, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска белгиската здравствена агенција.
Сите деветмина белгиски државјани ги поминале анализите во Воената болница во Брисел.
Кај осмина од нив тестовите се негативни.
Од епидемијата на коронавирус во Кина починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.
Случаи на коронавирус се регистрирани во повеќе од 25 земји, а покрај Кина, најмногу има во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.