Рускиот претседател Владимир Путин кренал бела кригла наздравувајќи со американскиот колега Доналд Трамп и со светските лидери за време на вечера на самитот на Г-20 во Јапонија. Белата термос кригла веднаш предизвикала шпекулации и теорија на заговор на социјалните мрежи.

Шпекулациите одат дотаму што обезбедувањето на Путин проценило дека на ваков голем собир не е безбедно рускиот лидер да користи чаши на домаќинот, каде што рускиот лидер би можеле да биде отруен, но и оние помалку сензационални но и шеговите “заговори“ – дека рускиот лидер пие протеински шејк, вотка, млеко, еликсир за бесмртност…

Потпаролот на Кремљ Димитриј Песков се обидел да ја разбие “мистеријарта“ наведувајќи дека рускиот претседател секогаш со себе го носи овој термос кригла бидејќи едноставно сака постојано да пие чај. И тоа баш од неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.