Белата куќа ја отфрла секоја можност САД или нивните сојузници, во моментов, да ги признаат талибанските власти во Авганистан.

Сакам да бидам многу јасна. Нема брзање од САД или нивните меѓународни партнери да ги признаат талибанските власти – изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Американските власти се во редовен контакт со талибанците додека САД се обидуваат целосно да ја завршат евакуацијата од Авганистан до 31 август, кога е крајниот рок за целосно повлекување на американските сили и персонал од земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.