Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, порача дека руската акција и реторика се единствениот извор на тензии на украинско-руската граница

Псаки, која одговараше на прашања на новинарите во Белата куќа, додаде дека се уште не е одредено местото и времето на средбата на американската и руската делегација во врска со Украина.

Во однос на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека САД се подготвени за средбата во Женева следниот месец, Псаки изјави дека се уште не ги разјасниле деталите за местото и времето на разговорите.

Што се однесува до понудите што Русија им ги даде на САД и земјите од НАТО, Псаки рече дека се работи на дипломатски преговори.

Можеме да се согласиме со некои од предлозите дадени од Русија, но не можеме да прифатиме некои од нив – изјави Псаки.

Таа ги отфрли тврдењата на Путин дека САД и нивните партнери ги зголемуваат тензиите на украинската граница.

Единствената агресија што ја гледаме на руско-украинската граница е руското трупање војници во регионот и воинствената реторика на рускиот лидер – изјави Псаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.