Вооружениот маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори.

Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото.

Тој е повреден, но нема сериозни рани, јави полицијата.

Две бебиња се повредени откако грабнатото возило на Итната помош удри во во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаролот на болницата во Осло.

Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели.

Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.