Базиликата „Свети Петар“, срцето на Ватикан, која беше затворена од 10 март, ги отвори своите врати симболизирајќи го враќањето на релативната нормалност во Италија, која со отворањето ресторани и кафулиња влезе во втората фаза на ослободување на мерките воведени за борба против пандемијата.
Базиликата „Свети Петар“, срцето на Ватикан, која беше затворена од 10 март, исто така ги отвори своите врати. Беше дезинфицирана кон крајот на минатата недела и сега прима посетители, но во ограничен број и со неопходно почитување на просторите.
Папата Франциск во неделата рече дека тоа е знак на надеж, но ги повика сите да ги почитуваат мерките што ќе го гарантираат здравјето на сите.
Миса сè уште нема да се одржува во базиликата, но затоа се планира напладне да се одржи миса во „Дуомо“, готската катедрала во Милано, симболот на Ломбардија, провинција најтешко погодена од Ковид-19.
Италија беше првата земја што прогласи карантин пред два месеца поради ширењето на коронавирусот. Земјата е сè уште трауматизирана, со 32.000 мртви и економија што е на колена, но од 4 мај почна да се чувствува зракот на слободата кога беше прогласен полукарантин, со што беа ублажени мерките за ограничување на движењето до одреден степен и почнаа да функционираат некои делови од економијата.
Вчера, во центарот на Рим, кој сè уште е празен, нема автомобили и туристи, имаше многу луѓе, шетачи, велосипедисти, тркачи. Со заштитни маски на лицето, тие се движеа околу Колосеумот, Трајановиот пазар и Римскиот форум, под будното око на карабиниерите, кои внимаваа да не се собираат граѓаните во преголеми групи.
Денеска во Италија се отвораат повеќето мали и големи продавници, фризерници, салони за убавина, кафулиња и ресторани.
„Италија ги вклучи светлата по 69 дена“, пишува Ла Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.