Баровите и рестораните во Ирска од утре, за време на празничната сезона па се до крајот на јануари ќе затвораат во 20 часот.

Одлуката е донесена врз основа на новите владини мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Согласно владината одлука, новите мерки ќе важат од понеделник, 20 декември, до 30 јануари, а се однесуваат на кафеаните, рестораните, спортските настани, театрите, кината и културните собири – изјави премиерот Мајкл Мартин.

Новите мерки ќе го намалат максималниот капацитет на помалку од 50 проценти или максимум 5.000 посетители за настани на отворено и 50 проценти или до 1.000 посетители за настани во затворен простор.

Ако го оставиме да се шири без контрола, новиот сој Омикрон би претставувал многу значајна закана за болниците и одделенијата за интензивна нега, но и за општеството и економијата во целина – изјави Мартин.

Ирска во петокот објави повеќе од 3.628 нови случаи, а сојот Омикрон сочинува околу 35 проценти од сите регистрирани инфекции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.