Хакерската групa „БлекМетер“ поврзана со расформираната „ДаркСајд“ и со руските власти, извршила напад на американската земјоделска компанија „Њу Кооператив“ (New Cooperative)
Според „Вашингтон пост“, хакерите побарале откуп од 5.9 милиони долари за да ја деблокираат компјутерската мрежа на кооперацијата, базирана во Ајова, што е еден од најкрупните агросојузи кои снабдуваат со пченка и продукти од соја. Тие се заканиле дека доколку не биде испочитуван зададениот рок, ќе ја удвојат побараната сума до 11.8 милиони долари.
Според претставници на компанијата, ангажирани специјалисти ја исклучиле компјутерската мрежа на кооперацијата за да се изолира упадот на хакерите. „Њу Кооператив“ сега рабти со силите за безбедност и властите на САД, за што компанијата ги информирала и хакерите.
Федералното бири за истраги (ФБИ) на почетокот на месецов ги предупреди американските земјоделци дека се цел на кибер криминалци.
Летоска во јуни, друга руска криминална кибер ќелија „Реивл“, изврши напад на „ЏБС“, најголемиот производител на месо во светот. Компанијата која работи во САД, Бразил, Канада и Австралија, не крајот плати откуп во висина од 11 милиони долари.
Хакерската група, „Дарксајд“, се распадна по нападот на постројките на американскиот нафтоводот „Колонијал“ во мај годинава, откако добила исплата на откуп од 90 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.