Жителите на Лондон кои биле сведоци на напад на една златарница. Банда облечена во црно, со црни кациги и на црни мотори, вооружена со чекани, мачети и друго оружје влетала во една продавница за накит на сред бел ден.

Овојпат храбри минувачи биле во прв план затоа што успеале еден од бандитите да го срушат од моторот и да го бркаат низ улица.

Начинот на кој минувачот го совладал разбојникот е неверојатен, го удрил со каиш за панталони и покрај тоа што крадците биле вооружени со мачети и чекани.

Мета на напаѓачите била златара во северен Лондон.

Но тие не сметале на херојската реакција на минувачите од кои еден од нив како орује употребил канта за ѓубре. Друг минувач го запрел крадецот со табла со мени од локален ресторан, а трет успеал да сопне еден од ограбувачите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.