Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската Унија се уште не се разговара за ембарго на увоз на руски гас.

„Тоа прашање (целосно ембарго за руски гас и нафта) може да се стави на маса, но во овој момент не се разговара за тоа“, изјави Макрон во интервју за Кориере дела Сера, пренесува Тасс.

Нафтата и горивото веќе се соочуваат со ембарго, но не и гасот, потсети Макрон и додаде дека е познато до какви потешкотии тоа може да донесе.

Балтичките членки на ЕУ, како Естонија, Латвија и Литванија, моментално не купуваат руски гас и имаат за цел да продолжат со оваа пракса и во иднина изјави денеска премиерот на Латвија, Кришјанис Каринш.

„За ова прашање ќе соработуваме за да обезбедиме доволно снабдување со гас и ќе користиме подземен резервоар со гас во Латвија“, рекол Каринш на заедничка конференција за новинарите по состанокот на тројцата премиери на балтичките земји, пренесе Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.