Според резултатите од истражувањето на „Евробарометар“, четири земји-членки на Европска Унија – Бугарија, Литванија, Хрватска и Словенија се најнезаинтересирани за вакцинација против Ковид-19.
Околу 25 отсто од испитаниците во овие држави изјавиле дека никогаш нема да се вакцинираат. Во Бугарија тој процент е 26%, во Литванија и Словенија по 24%, а во Хрватска 22 отсто се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат.
Повеќе од половината испитаници во 22 земји членки на ЕУ потврдиле дека сакаат да се вакцинираат што побрзо или дека веќе се имунизирани. Најмногу вакцинирани има во Малта, Холандија и Ирска по 87 проценти, потоа следат Белгија – 86, Шпанија – 85, Шведска – 84 и Данска со 83 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.