Канцеларијата на генералниот обвинител на Азербејџан откри во понеделникот дека „гранатирањето од ерменска страна“ за време на судирите во спорниот регион Нагорно Карабах резултирало со смрт на 24 цивили од Азербејџан.
Покрај тоа, објави дека 121 нејзин државјани се ранети од ескалацијата на конфликтот кон крајот на септември.
Баку исто така тврди дека претрпеле ракетен напад од територијата на Ерменија утрово, додека ерменското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата како „дезинформација“ со цел „проширување на географијата на војната“.
Тоа е уште една дезинформација на Азербејџан, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.