Американскиот претседател Џозеф Бајден, како што изгледа на видеото од климатскиот самит во Глазгов, кое кружи на социјалните мрежи, повторно заспал при почетните говори на отворањето на тој собир.

Бајден е снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени, пренесува лондонски „Мирор“.

На видеото кое го сподели новинар на „Вашингтон пост“, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди.

Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудирал на говорникот кој ја заврши својата презентација.

„Ух, тоа не е најдоброто издание кога се обидувате да му кажете на светот да се разбуди“, напиша британскиот новинар Пирс Морган, кој го ретвитна видеото.

Видеото се појави и на Твитер профилот на „Скај Њуз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.