Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска изјави дека е воодушевен од податоците објавени од компанијата „Фајзер“ за нејзиониот антивирусен лек против Ковид-19, и дека администрацијата нарачала доволни количества таблетки за лечење на 10 милиони Американци.
Вакцинацијата и примањето на дополнителна доза се најважните инструменти за да се спасат животите на луѓето, изјави претседателот.
Но, ако ова лекарство се регистрира и добие одобрение и во моментот кога тие таблетки ќе станат широкодостапни, тоа ќе стане значаен чекор напред во нашиот пат за излез од пандемијата, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.