Изборите во САД се се поблизу до расплет, а во напнатата и тесна трка, демократскиот кандидат Џо Бајден е се поблизу до победата над сегашниот претседател, републиканецот Доналд Трамп.

Според последните резултати, Бајден направи голем пресврт во Џорџија и сега води таму пред Трамп, а после тоа го смени резултатот и во Пенсилванија. Ако остане ваквата состојба во Пенсилванија, ќе биде доволно Бајден да победи на изборите во САД, без оглед на резултатите во сите други држави каде сè уште се бројат гласовите.

Во Невада, каде води Бајден и која со своите шест изборни гласови му е доволено за да победи, сепак ќе се чекаат резултатите.

Бајден синоќа рече дека сите гласови мора да бидат преброени, а Трамп свика прес-конференција во Белата куќа на која уште еднаш изнесе обвинувања за изборна кражба без да понуди конкретни докази за тоа и рече дека ако се бројат само законските гласови, тој непречено ќе победи.

• Џорџија – предводена од Бајден. Џо Бајден – 49,4%, Доналд Трамп – 49,4%. Избројано 99%. Државата носи 16 изборни гласови.

• Пенсилванија – предводена од Бајден. Џо Бајден – 49,5%, Доналд Трамп – 49,3%. Избројани 98%. Државата носи 20 изборни гласови.

• Невада – предводена од Бајден. Џо Бајден – 49,8%, Доналд Трамп – 48,1%. Избројани 86%. Државата носи 6 изборни гласови.

• Северна Каролина – предводена од Трамп. Доналд Трамп – 50,1%, Џо Бајден – 48,7%. Избројани 94%. Државата носи 15 изборни гласови.

Предноста на Бајден во однос на Трамп е намалена на 39.769 гласа во Аризона.

Според Блумберг, најекспонираниот Афроамериканец во Белата куќа на Трамп поднесе оставка.

Новинарите Џенифер Џејкобс и Марио Паркер известуваат дека од неговата е-пошта се испраќала автоматска порака во која се вели дека тој повеќе не е во Белата куќа.

Кампањата на Трамп избира личност да ги води правните битки во државните судови и пред Врховниот суд. Како што дознава Ен-Би-Си, тоа ќе биде Дејв Боси, постар советник во кампањата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.