Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во вторник ќе ги објави имињата на првите кандидати за членови на Кабинетот.
Ако сакате да знаете за кои агенции станува збор и кој ќе биде надлежен за нив, треба да почекате новоизбраниот претседател да го објави тоа во вторник – најави идниот шеф на Кабинетот на Белата куќа, Рон Клајн, во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.
Бајден вети дека неговата администрација ќе биде одраз на различностите на земјата. Тој исто така минатата недела соошти дека веќе избрал секретар за финансии.
Ние ја донесовме таа одлука. Ќе видите дека ова е личност која ќе биде прифатена од сите елементи на Демократската партија – од прогресивни до умерени коалиции – изјави Бајден.
Во потесниот избор се наоѓаат поранешната шефица на Федералните резерви, Џенет Јелен, сегашниот гувернер на Федералните резерви, Лаел Брајнард и Рафаел Бостик, претседател на Федералните резерви на Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.