Фавириот за претседателски кандидат на демократите Џо Бајден вети дека ќе избере жена како кандидат за потпретседателското место и оти заедно со неа ќе се соочи со Доналд Трамп на претседателските избори во САД, што се закажани во ноември.

 Голем број жени имаат квалитети да станат претседатели во иднина. Јас ќе одредам жена за потпретседател, изјави Бајден во телевизиската дебата со својот демократски ривал за претседателски кандидат на демократите, Берни Сандерс.

И Сандерс изјави дека најверојатно ќе избере жена за кандидат за потпретседател.

За мене не се работи само за тоа да се одреди жена, туку да биде именувана прогресивна ќена, посочи Сандерс.

На почетокот на внатрепартиската трка за претседателски канадидат од Демократската партија имаше шест жени, што е рекорден број. Членката на Конгресот од Хаваи, Талси Габард формално и понатаму е во трката, но без никакви шанси да ја добие кандидатурата.

Традициоанлно кандидатите за претседател на САД го определуваат својот партнер во кандидатурата на лето. досега ниту една жена не била претседателка или потпретседателка на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.