Претседателот на САД, Џо Бајден обелодени дека од разузнувачките служби добил информации дека во наредните 24 до 36 часа е можен нов терористички напад врз аеродромот во Кабул.

По средбата со воените и безбедносните советници, Бајден истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно опасна“ и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока“.

Бајде посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска држава нема да биде последен одговор.

Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа – истакна Бајден.

Американската војска соопшти дека во нападот со дрон во авганистанската провинција Нангархар загинале двајца припадници на Исламската Држава.

Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскито огранок на ИД врз аеродромот во Кабул на 26 август, при што загинаа 13 америокански војници и 169 Авганистанци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.