Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска пред камери ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 на производителот Фајзер и БиоНтек.

Мој прв приотитет е вакцината да ја примат луѓето што побрзо, посочи Бајден.

Тој првата доза од вакцината ја прими на 21 декември, исто така пред камери и тогаш ги повика граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Во САД повеќе од 374.000 луѓе починаа од последици од новиот коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.