Американскиот претседател Џо Бајден испуштил долг и силен“ гулаб додека разговарал со војвотката од Корнвол за време на Конференцијата на ОН за климатски промени. И се чини дека Камила Паркер Боулс не може да престане да зборува за овој „гласен настан“, пишува „Њујорк пост“.

Двајцата пријатно разговарале за време на самитот во Глазгов, но американскиот претседател не можел да се воздржи, па во еден момент испуштил ветер.

Бил долг и гласен и било невозможно да се игнорира, открива изворот додавајќи дека Камила била запрепастена, и сега „не престанува да зборува за тоа“.

Но, ова не е единствениот „гаф“ на Бајден на споменатата конференција. Најстариот американски претседател, кој овој месец ќе наполни 79 години, засша за време на воведните говори, што беше уловено од камерите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.