Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека невакцинираните Американци прават „голема штета“ на земјата.

Според бајден, невакцинираните граѓани ја загрозуваат економијата и го забавуваат закрепнувањето на земјата.

Одбивањето да се вакцинираат не чини сите многу скапо – изјави Бајден, додавајќи дека продолжува со задолжителна вакцинација секаде каде што може.

Тој истакна дека веќе бара две третини од американските работници да бидат вакцинирани.

Бајден истакна и дека здравствените агенции, заедно со владата, се обидуваат да ја прошират програмата за трета доза и на крајот ќе дозволат таа да се администрира на пошироката јавност. Бајден ги повика Американците да примат трета доза, велејќи дека наскори и самиот тој ќе стори истото.

Ако ја примивте вакцината на „Фајзер“ во јануари, февруари, март оваа година и имате над 65 години, одете да земете бустер доза. Или ако имате болест како дијабетес или сте работник во првата линија, како здравствен работник или наставник, сега можете да добиете бесплатна трета доза. Ќе ставам трета доза. Тешко е да се признае дека сум над 65 години, но ќе примам бустер доза – изјави Бајден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.