Претседателот на САД, Џо Бајден, го потпиша нацрт законот за пакетот помош за американската економија во висина од 1.9 трилиони долари, наречен и „План за спас на Америка“.

На церемонијата на потпишувањето присуствуваше и потпретседателот Камала Херис.

Претходно, Претставничкиот дом ја изгласа финалната верзија на законскиот проект, откако Сенатот изврши ревизија со повеќе поправки.

Законот се смета за голема политичка победа на Бајден,

Овој историски закон е за обнова на р’бетот на земјава и давање шанса за борба на луѓето, работните луѓе, средната класа народ, оние кои ја градат оваа земја – порача Бајден на потпишувањето.

Рон Клјан, шеф на кабинетот на претседателот, истакна дека иако потпишувњето се случува ден порано, ќе го одбележат со прослава во петок, како што било планирано, со конгресните лидери.

По церемонијата администрацијата планира турнеја низ земјата во обид да ја претстави и објасни иницијативата.

Од Белата куќа соопштија дека Бајден во вторник ќе ја посети Пенсилванија, а потпретседателката Херис заминува на запад, каде што во понеделник и вторник ќе има средби во Калифорнија, Колорадо и Невада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.