Противкандидатот на Доналд Трамп, на следните претседателски избори во САД, Џо Бајден, изјави дека не ги знае деталите од договорот помеѓу Србија и Косово.
Но, истакна дека според него, Косово би требало да биде независна држава, а не дел од Србија. Тој претпоставува дека договорот ќе ја зајакне таа независност, но не знае што пишува во документот.
Не знам за што се работи – рекол Бајден, одговарајќи на прашањето на новинарите за договорот и потсети дека во регионот поминал доста време.
Бајден како сенатор посвети големо внимание на Западен Балкан, а во 2016 година во својство на американски потпретседател ги посети Белград и Приштина и разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој тогаш беше премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.