Американскиот претседател Џо Бајден неколкупати се сопна и падна по скалите на претседателскиот авион. Инцидентот се случил пред полетувањето за Атланта, каде требало да се сретне со лидерите на азиската заедница по масовното пукање кое се случило на почетокот на седмицата во овој американски град.

Оваа незгода се случила само неколку недели откако Бајден ја повредил ногата играјќи со своето куче, поради што мора да носи ортопедска чизма.

Од претпазливост, на Бајден ногата ќе мора да се сними уште еднаш од страв дека состојбата е влошена по овие падови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.