Претседателскиот кандидат на Демократската партија за изборите во САД во ноември, Џо Бајден, изјави дека ќе ја откаже следната договорена дебата со Доналд Трамп, доколку претседателот се уште е болен од корона вирус.

Дебатата меѓу кандидатите за претседател треба да се одржи на 15 октомври во Мајами.

Со нетрпение чекам да дебатирам, но се надевам дека ќе бидат испочитувани сите протоколи – изјави Бајден (77) пред новинарите по враќањето од Гетисбург.

Трамп (74) во петокот, само два дена по првата дебата со Бајден, одржана во Кливленд, соопшти дека е позитивен на тестот за корона вирус.

Во протоколите од Центрите за контрола и превенција на болести се наведува дека луѓето кои имаат позитивен тест за вирусот треба да останат дома најмалку 10 дена по појавата на првите симптоми, додека луѓето кои ќе станат сериозно болни можеби ќе треба да останат дома и до 20 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.