Американскиот претседател, Џо Бајден, за време на својата прва официјална прес-конференција по стапувањето на функцијата, истакна дека американската администрација ќе се соочи со проблеми при повлекувањето на американските војници од Авганистан до 1 мај.
Бајден, сепак, појасни дека не планира да ги остави војниците во таа земја до следната година, но дека „ќе биде тешко да се испочитува крајниот рок од 1 мај“.
Како што објасни американскиот лидер, тешкотии да се повлечат војниците во овие услови ќе се појават поради „тактички размислувања“. Бајден соопшти дека САД се консултираат со своите сојузници „како да се постапи понатаму“.
Нема да останеме долго. Ќе заминеме. Прашањето е само кога ќе заминеме – истакна Бајден.
Прашан за можноста американските трупи да останат во Авганистан до следната година, претседателот одговори дека „не може да замисли тоа да се случи“.
На 29 февруари 2020 година, поранешната американска администрација и талибанците потпишаа мировен договор во Доха. Во рамки на тој договор, САД, нивните сојузници и коалицијата ветија дека ќе ги повлечат сите војници од Авганистан во рок од 14 месеци.
Талибанците, пак, гарантираа дека нема да ја користат авганистанската територија за активности кои претставуваат закана за безбедноста на САД и нивните сојузници. Според договорите со талибанците, американските сили треба да го напуштат Авганистан до 1 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.