– Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за преглед на некои владини документи, поврзани со нападите од 11 септември 2001 година, со цел нивна евентуална декласификација, соопшти прес-службата на Белата куќа.
– Информациите собрани и акумулирани за време на истрагата за терористичките напади од 11 септември од американската администрација, сега мора да бидат откриени, освен ако нема посериозни причини, кои го тврдат спротивното, се наведува во декретот.
Во текстот се наведуваат документите кои треба да се разгледаат. По завршувањето, министерот за правда на САД, кој е и главен обвинител на земјата, мора да му достави извештај на претседателот по консултација со раководители на други оддели.
Документите кои треба да се декласифицираат мора да бидат јавно објавени во рок од шест месеци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.