Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден пред камери ја прими втората доза вакцина против коронавирус од производителот Фајзер-Бионтек.
Мојот прв приоритет е да ја примат вакцината што е можно повеќе луѓе – рече идниот демократски претседател.
Првата доза на вакцината Бајден ја прими на 21 декември, исто така пред камери, а потоа ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.
Повеќе од 374.000 луѓе починаа од коронавирус во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.