Претседателот на САД, Џо Бајден, порача дека по повлекувањето на американските војници од Авганистан, Авганистанците сега мора сами да се борат со Талибанците.
Но, тие мора да сакаат да се борат – посочи Баједн
Изјавата на Бајден доаѓа откако Талибанците вчера освоија осми главен град на некоја од провинциите во земјата. Од почетокот на мај, кога почна повлекувањето на меѓународните сили, Талибанците зазедоа повеќе од половина од територијата на земјата.
Бајден уапти апел до авганистанските политичари заеднички да дејствуваат против Талибанците.
Тој вети дека САД ќе продолжат да обезбедуваат финансиска и воена поддршка за авганистанските безбедносни сили и оти секојдневно ќе биде информиран за ситуацијата.
Американската влада одвои 3,3 милијарди долари во нацрт-буџетот за поддршка на авганистанските безбедносни сили следната година – изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.