По вчерашниот брутален напад од страна на американскиот претседател Џо Бајден, кога во интервју за Еј-Би-Си кажа дека рускиот претседател „ќе ја плати цената за неговото наводно мешање во изборите во САД“ и „дека го смета за убиец“, денеска рускиот претседател Владимир Путин на Бајден му посака „добро здравје“.
Кога проценуваме други луѓе и земји, тоа е како да гледаме во огледало, рече Путин, пренесуваат руските медиуми.
Путин кажа дека во американскиот естаблишмент има многу чесни и почитувани луѓе и дека Русија ќе се потпира на нив.
Рускиот претседател оцени дека Вашингтон е посветен на односите со Москва само под свои услови и дека Русија ќе работи на овие односи само под услови што се поволни за неа. сд/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.