Американскиот претседател, Џо Бајден, порача имигрантите кои имаат намера да влезат во САД без документи да „не доаѓаат“ и дека сите возрасни ќе бидат вратени назад.
Во интервјуо за телевизијата Еј-Би-Си, на прашање дали треба да испрати јасна порака на луѓето кои сакаат да ја преминат (јужната) граница, Бајден изјави дека „возрасните ќе бидат вратени назад“.
Можам да кажам доволно јасно: не доаѓајте, не го напуштајте вашиот град или заедница, додаде тој.
Кажа дека ако лу]ето сакаат да аплицираат за азил, администрацијата ја олеснува постапката тоа да се стори на самото место, преку надлежните служби како Министерството за здравство и хуманитарни служби.
Бајден негираше дека имигрантите доаѓаат затоа што сметаат дека тој е „мирен и фин човек“ и нема да спречи преминување на границата.
Не е поради тоа, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.